Популарната пејачка Дафи обелодени дека била киднапирана од непозната личност и со денови дрогирана и силувана. Вели дека сега се е во ред и дека одлучила јавно да ги каже траумите од ова искуство. Таа на Инстаграм профилот објавила текст во кој напишала се што и се случило.

-Нема едноставен начин ова да ви го кажам. Се прашувате зошто ме снема од сцена. Многу пати размислував за ова како да напишам, но и како ќе се чувствувам после тоа. Не знам зошто мислам зошто токму сега е време за ова признание и дека токму овој разговор во целост ќе ме ослободи. Се прашувате и зошто не го искористив својот глас за да ја изразам својата болка. Не сакав да ја покажувам својата тага, не знаев како ќе пеам со скршено срце. Но, тоа сега потполно се излечи. Повеќе денови ме силуваа, дрогираа, но преживеав и ми требаше многу време да се опорава, напиша пејачката без да кажува детали од преживеаното.
Дафи во 2011. Година, додека беше на врвот на популарноста реши да паузира од јавните настапи. Тогаш го објави и последниот албум .
Извор: hr.n1info.com


