Фреди Меркјури доби улица во Лондон – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/20 8:32 AM

Фреди Меркјури доби улица во Лондон

Легендарниот пејач на  британската рок група  „ Квин“, Фреди Меркјури, доби улица во предградието на  Лондон, каде живеел како тинејџер.  Локалните власти на  населбата Фелтам дадоа сагласност дел од улицата „ Ханворт Роуд„ да се вика  “Фреди Меркјури Клоуз”, а на церемонијата  присуствувала сестрата на покојниот пејач, информира Ројтерс.

Семејството на пејачот  живеела на неколку минути пеш  од улицата која ќе го носи неговото име и каде во 2016. Године е поставена негова спомен плоча. Тие се доселиле во предградието на Лондон, бегајки од револуцијата во Занзибар во 1964. година.

Меркјури (45) умре од компликација предизвикана од СИДА во  1991. година. Хуманитарната организација “Меркјури Феникс Траст”, која е основана по неговата смрт,  ги поддржува проектите за борбу против ХИВ и СИДА низ светот.

Фото: billboard.com