Холивудскиот актер Том Круз, го прекинал снимањето на седмиот дел од филмот „Невозможна мисија“ во Италија поради корона вирусот, кој ја тресе Италија, пишуваат медиумите. Снимањето на “Невозможна мисија 7” е прекинато, а екипата од филмот, во која главната улога ја игра Том Круз, ја напушти Италија. Италијанските медиуми информираат дека тие си ги спакувале куоферите и си заминале од Венецијае, каде снимале кадри од овој популарен серијал.
– Поради големата грижа за безбедност на нашата екипа, а по совет на венециските власти да се избегнуваат јавните собирања до понатаму, одлучивме да го прекинеме планираното тринеделно снимање во Венеција – соопштил од студиото “Парамаунт”.
Фото: world-today-news.com