Можно ли е корона вирусот да го спречи одржувањето на Изборот за песна на Евровизија? Со оглед на состојбата во Италија и на можноста корона вирусот да се прошири низ Европа, ова е вистинското прашање кое деновиве си го поставуваат сите љубители на најголемата музичка манифестација, наречена Евросонг. Евровизија ќе се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам, Холандија, и иако до тогаш има уште повеќе од д два месеци, сепак, стравот е голем и од можното проширување на корона вирусот, но и од откажување на 65. Издание на Евровизија. Оваа неизвесност и страв е поткрепена со откажувањето на многу спортски случувања низ Европа и добрите познавачи, поради масовноста, сосема се во право кога го доведуваат во прашање одржувањето на Евросонг.
– Ако ширењето на вирусот до мај не биде конторлирано, воопшто не е паметно да доведат толку многу луѓе на едно место. Мораме да размислиме за тоа и да ги ставиме луѓето на прво место, а организаторите се сами свесни за овој проблем. Можно е вирусот побрзо да се шири во зимскиот период поради природата на заразата. Можеби во мај ќе имаме подобра ситуација, но сега е многу сериозно и многу спортски манифестации ќе мора да се одложат – изјавил холандскиот виролог Аб Остерхаус за нивните медиуми.
Холандија е домаќин на Евросонг по петти пат. Овој пат победата им ја донесе Данкан Лоренс со песната “Аркаде”.


