Корона вирусот ќе ја одложи Евровизија ? – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/20 11:32 PM

Корона вирусот ќе ја одложи Евровизија ?

Можно ли е корона вирусот да го спречи одржувањето на Изборот за песна на Евровизија? Со оглед на состојбата во Италија и на можноста корона вирусот да се прошири низ Европа, ова е вистинското прашање кое деновиве си го поставуваат  сите љубители на најголемата музичка манифестација, наречена Евросонг. Евровизија ќе се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам, Холандија, и иако до тогаш има уште повеќе од д два месеци, сепак, стравот е голем и од можното проширување на корона вирусот, но и од откажување на  65. Издание на Евровизија.  Оваа неизвесност и страв е поткрепена со откажувањето на многу спортски случувања низ Европа и добрите познавачи, поради масовноста, сосема се во право кога го доведуваат во прашање одржувањето на Евросонг.

– Ако ширењето на вирусот до мај не биде конторлирано, воопшто не е паметно да доведат толку многу луѓе на едно место. Мораме да размислиме за тоа и да ги ставиме луѓето на прво место,  а организаторите се сами свесни  за овој проблем.  Можно е вирусот побрзо да се шири во зимскиот период поради природата на заразата. Можеби во мај ќе имаме подобра ситуација, но сега е многу сериозно и многу спортски манифестации ќе мора да се одложат – изјавил холандскиот виролог Аб Остерхаус за нивните медиуми.

Холандија   е домаќин на Евросонг по петти пат. Овој пат победата им ја донесе Данкан Лоренс со песната “Аркаде”.