„Убавината е минлива, но дијамантите и парите траат вечно“ е веројатно мотото кое го следат најбогатите семејства во светот.
Десетте најбогати семејства имаат шокантен групен приход од неверојатни 3,4 трилиони долари, што е на исто ниво со целиот БДП на Германија, Велика Британија и Франција.
Ова се десетте најбогати семејства во светот.
10. Семејството Думас од Франција, во чија сопственост е брендот Hermes, има богатство вредно 49,2 милијарди долари. Првите пари за семејството ги заработил покојниот Тири Хермес во 1837 година. Во 21 век, овој бренд прерасна во глобален моден бренд.
9. Семејството Брин од САД, нивното богатство се проценува на 51,1 милијарди долари. Сергеј Брин е интернет и технолошки моќник и ко-основач на компанијата Google. Во моментов е претседател на матичната компанија Alphabet. Богатството на Брин се дели меѓу неговите две деца. Неодамна се разведе од сопругата, Ана Војчицки, која е и самата богата, а проценетата вредност на нејзиното богатство е 480 милиони долари.
8. Богатството на семејството Амбани од Индија се проценува на 52,3 милијарди долари. Дирубај Амбани бил ко-основач на компанијата Reliance Industries. Неговото богатство се дели подеднакво помеѓу неговите синови кои денес делуваат како мнозински акционери на компанијата.
7. Семејството Пејџ од САД има богатство кое е проценето на 52,4 милијарди долари. Лери Пејџ е ко-основач на Google, а сега е извршен директор на Alphabet. Своето богатство го дели со сопругата Лусинда Сатворт и нивните две деца.
6. Семејството Албрехт од Германија има богатство вредно 53,5 милијарди долари. Парите ги заработиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се основачи на супермаркетот Aldi. Со ланците сега управуваат нивните деца.
5. Семејството Чакри од Тајланд. Нивното богатство се проценува на 60 милијарди долари. Семејството Чакри во последните 237 години владеело во Тајланд, а населението спрема нив се однесува со почит. Семејството се состои од 22 монарси кои контролираат богатство од 60 милијарди долари.
4. Семејство Елисон од САД. Тежат дури 61,8 милијарди долари. Лери Елисон е ко-основач на глобалната корпорација Оракл.
3. Семејство Закерберг од САД. Нивното богатство се проценува на 63 милијарди долари. На чело на ова семејство е Марк Закерберг, основач на империјата. Своето огромно богатство го дели со сопругата Присила Чен и со двете ќерки. Неодамна, Марк изјави дека ќе донира голем дел од своето богатство во добротворни цели.
2. Семејството Слим од Мексико има богатство вредно 64,9 милијарди долари. Ова семејство беше најбогато во светот во периодот помеѓу 2010 и 2013 година. Семејството го стекнало богатството благодарение на својата компанија Grupo Karso.
1. Семејството Марс од САД се најде на првото место меѓу најбогатите семејства во светот. Нивното богатство се проценува на 70,8 милијарди долари. Сопственици се на компанијата Mars.
Извор: denar.mk