Ова се резултатите од меѓународната студија на асоцијацијата „Светски лидери“, која покажала дека во светот, иако не е политички лидер, сепак најдобро е прифатен папата Франциско, кој има поддршка од 53 отсто од испитаниците.
По него следат Ангела Меркел, која веќе втора година по ред има најголема популарност меѓу светските политички лидери, како и францускиот претседател Емануел Макрон, кој пред три години првпат се појави на листата на најпопуларни лидери во светот.
Рускиот претседател Владимир Путин е на четвртото место, со 36 проценти од испитаниците, кои му даваат поддршка. Зад него е претседателот на САД, Доналд Трамп, а по него британскиот премиер, Борис Џонсон.
На седмото место е претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, а зад него премиерот на Индија, Нарендра Моди, кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Суад, па претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро.
Најниско котиран претседател е иранскиот, Хасан Рохани, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кои имаат поддршка од 21 процент.
Извор: denar.mk