Во 112. година, почина најстариот маж во светот – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/20 10:52 AM

Во 112. година, почина најстариот маж во светот

Јапонецот Читецу Ватанабе,најстариот маж во светтот,а кој велеше дека тајната на долговечноста е во смеењето, почина во 112. година од животот. Тој на 12 февруари го прими сертификатот од Гинисовата книга на рекорди, од кога е и фотографијата на Читецу со широка насмевка и крената песница.

Но, во последните денови Ватанабе не можел да јаде, а на неколку дена пред смртта имал и тешкотии со дишењето, пренесува АП.

Ватанабе оставил зад себе пет деца, 12 внуци, 16 правнуци и еден пра-пра внук, пишува весникот “Маиниќи“.

Тој е роден во префектурата Нигата на северот на Јапонија во 1907 година, а во Тајван работел 18 години. По враќањето во Нигата, работел во владата на таа префектура до пензија.

Гинисовата книга на рекорди упати сочуство до семејството на Ватанабе. И најстарата жива жена е, исто така, од Јапонија – 117-годишната Кане Танака.