(фото)Центарот на Скопје со герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/20 10:36 AM

(фото)Центарот на Скопје со герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“

На неколку часа пред одржувањето на опозицискиот протест, изутрината на пешачката улица „Македонија“, во центарот на Скопје осамна герила инсталација насловена „Заробена држава – никогаш повеќе“.

Активисти поставиле железна ќелија како симбол на заробената држава, во која се наоѓа големо пано со испишани потсетници поврзани со повеќе настани и случувања од периодот 2006-2017 и владеењето на Никола Груевски.
Судии и обвинители во тефтерче, затворени новинари и медиуми, нарачани лустрации за прогон на интелектуалци, проектот Скопје 2014, пораки за местењето избори со притисок и фантомски гласачи, тепањето студенти по библиотеки, црниот понеделник 24 декември 2012, крвавиот четврток 27 април 2017, прислушувањето на над 20.000 граѓани, се само дел од пораките за заробената држава во времето на владеењето на минатата власт, кои осамнаа утрово на пешачката улица Македонија во центарот на Скопје.

Ова е најнова во серијата герилски акции, кои се сè поактуелни како начин за изразување на политички ставови поврзани со актуелната полтичка ситуација во земјава во предизборието.

(МИА)