Германската полиција уапсила две лица поврзани со вчерашниот врз толпа луѓе за време на карневалската прослава во греманскиот град Фолкмарзен. Најмалку 30 луѓе, од кои десетина деца, беа повредени во инцидентот од кои седуммина се во тешка состојба.
Полицијата смета дека возилото намерно влетало во парадата, а било управувано од 29-годишен Германец. Случајот засега се истражува како обид за убиство.
Напаѓачот е жител на градот, но не им бил познат на властите како екстремист. Полицијата вели дека тој се’ уште не е во состојба да сведочи за настанот. Весникот „Билд“, повикувајќи се на очевидци, тврди дека возачот за малку ќе бил линчуван од бесните сведоци на настанот и оти морал да биде заштитен од полицијата. Сведоците велат дека возачот ги заобиколил полициските блокади поставени за да ги одвојат учесниците на карневалот и гледачите.
Второто уапсено лице всушност го снимал инцидентот од зад возилото, но не е јасно дали тоа го правел како соучесник или како очевидец. Локалната полиција апелираше до сите кои имаат видеа или фотографии од настанот да не ги објавуваат на социјалните мрежи.


