Синоќа во „Стејплс Центарот “ во Лос Анџелес се одржа комеморација за НБА звездата Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, кои починаа во авионска несреќа на 26-ти јануари.
Неговата вдовица Ванеса Брајант искрено зборуваше пред толпата 20 000 луѓе за нејзината загуба, таа со емотивен говор ги трогна сите присутни на комеморацијата.Во чест на Коби зборуваше и кошаркарската легенда Мајкл Џордан, кој го рече дека Коби бил негов помал брат.
Настанот „Celebration of Life“ во чест на прерано починатиот кошаркар го отвори Бијонсе, а потоа настапи и Алиша Кис.
Претходно, г-ѓа Брајант објави дека го тужи сопственикот на хеликоптерот во кој патувале нејзиниот сопруг, нејзината ќерка и седум други лица кога се урна во магла, бидејќи како што се вели во тужбата пилотот постапил немарно и неодговорно,кога, сам одлучил да лета во лоши временски услови.