По примена пријава од страна на граѓанин, а во координација со надлежен обвинител за гонење на организиран криминал, Единицата за корупција во Министерството за внатрешни работи по претходни добиени сознанија го лишиле од слобода полицискиот службеник Б.Џ. и при извршен преглед кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари.
Имено, полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. Полицискиот службеник е лишен од слобода и при прегледот од него се одземени парични средства во износ од 6000 денари кои биле кримтехнички обработени.
Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.