Хрватите во Ријека и Опатија ги затворија ординациите за италијанските пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/20 7:44 PM

Хрватите во Ријека и Опатија ги затворија ординациите за италијанските пациенти

Сопствениците на поголемите стоматолошки ординации и клиники во Риека и Опатија во Хрватска, меѓусебно се согласија да престанат со примање клиенти од Италија како превентива од корона вирусот. За некои клиники, ова ќе значи целосно затворање, додека други ќе продолжат да даваат услуги само за хрватските пациенти

Една од клиниките, која целосно ќе престане да работи од утре е Клиника Калмар, која има околу 50 вработени и сите ќе одат на одмор.

„Речиси 98 проценти од нашите пациенти се од Италија, така што не вреди да се држи отворена клиниката. Ние ќе го испратиме вработните на одмор. Инаку, до сега дневно имавме од 50 до 70 италијански клиенти. Едноставно е премногу голем ризик за понатамошно ширење на болеста. Треба да размислиме за безбедноста на нашиот персонал “, рече доктор Калмар.

Негов колега, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека повеќето големи стоматолошки клиники од Риека и Опатија учествуваат во договорот за прекинување на работата.

„Сметаме дека така е најбезбедно. Ова ќе спречи масовно пристигнување на италијански пациенти. Од своја страна, ќе дадеме наш придонес во ширењето на инфекцијата во Хрватска. Тоа е голем удар за нашата работа, но на прво место сме ние и благосостојба на нашите работници “, рече овој доктор.

Стоматолозите во Ријека се надеваат дека Италија ќе успее да го стави коронавирусот под контрола во наредните 15 дена .

„Очекуваме приказната за коронавирусот да заврши со сезоната на грип“, велат хрватските стоматози.

Стоматолозите од Ријека и Опатија почнаа да бележат интензивен финансиски раст од 2013 година, кога Хрватска стана членка на Европската унија. Услуга со највисок квалитет и, барем за Западните земји, ниски цени привлекоа десетици илјади странски пациенти во Хрватска.