Познатиот шведски ланец Ikea, во Дубаи воведува можност за плаќање со времето кое купувачот го потрошил за да дојде до продавницата.
Иако на прв поглед се чини дека производите се добиваат џабе, ситуацијата е сепак нешто поинаква.
Колку повеќе време треба да стигнете до продавницата на Ikea, толку повеќе ќе можете да купите, објави Forbes.
„Купи со своето време“ (Buy With Your Time) е порака која шведскиот ланец ја испраќа на светот, прво од Дубаи. Сè што треба да направите е да им ја покажете на касиерите историјата на своето движење на телефон која ја забележала апликацијата Google Maps. Тоа ќе биде доказ колку време сте потрошиле патувајќи до продавницата.
Иако е во прашање новина која се однесува исклучиво на Ikea во Дубаи, во прашање е потег кој широко ја отвора вратата кон важни и радикални промени кога станува збор за купување и односоти на потрошувачите кон брендовите.
Новиот начин на плаќање се воведува во исто време со отворањето на новата продавница на Ikea во Џебел Али, област во Дубаи прилично одалечена од центарот на градот. Несомнено е дека поради новата „монета“, купувачите почесто ќе доаѓаат во Ikea, ќе поминат повеќе време во продавницата, а со самото тоа и ќе купат повеќе.
Идејата зад овој потег е дека потрошувачите трошат бесконечно многу време за да стигнат до продажните објекти на Ikea затоа што најчесто тие се наоѓаат на крајот на градот. Според тоа, воведена е цена за секој производ во „временска монета“, чија вредност е формирана врз основа на просечните приходи во Дубаи.
На тој начин, освен во дирхами, потрошувачите во Дубаи ќе можат да плаќаат со вкупното време кое го потрошиле на Ikea.
„Пред да започнеме со кампањата, сфативме две работи: денес времето е драгоцено, и купувачите трошат сериозно време за да дојдат до нашите продавници, кои понекогаш се далеку од центарот на градот“, наведуваат во Ikea Dubai, посочувајќи дека поради тоа е важно е да се наградат потрошувачите и да им се оддолжат.
Иако можноста за вакви плаќања делува идеална, постои и друга страна на медалот – ако сакате да го наплатите времето кое го трошите доаѓајќи до продавницата, морате да бидете подготвени да ги предадете податоците за своето движење и тоа и минатите, и идните.
Со други зборови, посочува Forbes, ова е начин да се направи понормална идејата дека е во ред да дозволиме нашите движења да се следат сè додека нешто добиваме „џабе“.
Извор: denar.mk