На сметките на 3213 сточари одгледувачи на овци, ќе бидат исплатени 607.032.300,00 денари, а пред точно една недела беа исплатени субвенциите наменети за одгледувачите на говеда, објави денес министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски кој заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски го посетија село Дихово
„На сите сточари им благодарам за активниот допринос за развојот на сточарското производство и се надевам дека средствата од субвенциите ќе ги инвестираат во набавка на нови грла, набавка на потребна опрема за производство и се она што им е потребно за да го развиваат сточарството.Ние како надлежни институции заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжиме и во наредниот период да ги исполнуваме нашите обврски, со што сите заедно ќе допринесеме за развојно и одржливо сточарско производство.“- Изјави министерот Димковски
Во следниот период, според календарот за исплата, ќе продолжи исплатата на субвенциите за останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка, односно ќе следуваат исплати на субвенциите за одгледувачите на кози, свињи и пчели.


