Во 2019 година во Штип регистрирани 686 сообраќајки, 14 од нив со 15 загинати лица – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/20 2:58 PM

Во 2019 година во Штип регистрирани 686 сообраќајки, 14 од нив со 15 загинати лица

Во текот на 2019 година од вкупно регистрирани  686,  сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Штип, 358  сообраќајни незгоди се со потешки последици, односно со загинати и повредени лица.

Регистрирани се 14 сообраќајни незгоди со загинати лица, во кои животот го загубиле 15 лица, додека во  87 сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди се здобиле 104 лица и во 257 сообраќајни незгоди со лесни телесни повреди се здобиле 422.

Споредбено со 2018 година, вредностите се речиси изедначени. Во оваа година имало 701 сообраќајна незгода, 360 со загинати и повредени лица.

Биле регистрирани 18 сообраќајни незгоди во кои животот го загубиле 19 лица.