Доколку се искомплицира ситуацијата со Корона Вирусот во Италија постои можност да замре кожарската индустрија во кумановско, вели претседателот на здружението на текстилна и кожарска индустрија Ангел Димитров
Најголемиот дел од компаниите работат за италијански партнери и се под закана дека нема да можат да обезбедат суровини и да ги пласираат своите производи, ако се влоши состојбата со коронавирусот во Италија. Тоа ќе биде повод за затворање на повеќето компании – вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна и кожарска индустрија на Стопанската комора.


