Проблемот со членот 102 од ААВМУ е тоа што не му е местото таму, затоа што забранува на локалната самоуправа и на јавните претпријатија да се рекламираат или да ги информираат граѓаните по пат на плаќање на таа информација и второ во овој член нема казнени одредби и затоа се прават такви манипулации, како што е таа опишана во истражувањето,изјави сопственикот на ТВ Вис Димитар Мицев во емисијата Стадион на темата „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“
Ако некој медиум постои и опстојува за парите и од парите на општините, тогаш тој медиум не е пазарно ориентиран. Затоа треба да се направи анализа на тоа што се случува на медиумскиот пазар.