Во гостувањето во емисијата Стадион, на Канал 77, претседателот на ДИК, Оливер Дерковски изјави дека за претстојните парламентарни избори, за изборната кампања се пријавиле речиси сите дневни, печатени весници, телевизиите-национални, локални и регионални, радијата. Голема е бројката а колачот е точно определен, 3.630.000 евра.
Според измените во изборниот закон од тие средства 45% ќе им припаднат на партиите од позицијата кои што на минатите избори ја освоиле власта, 45 % на партиите во опозиција и 10 % на другите партии, вонпарламентарни и нови партии.Исто така 25 % од овие средства ќе бидат поделени на порталите или 900.000 евра ќе поделат 160 портали колку што се пријавиле за следење на медиумската кампања.