Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, на својот твитер профил го демантираше тврдењето на Хашим Тачи дека државата го признала Косово, пишува РТВ.рс
Тачи, синоќа на твитер објави дека Јамајка го признала Косово
„Амбасадорот Вљоре Читаку само што ме извести дека Јамајка го призна Косово како суверена и независна држава.Тоа е резултат на напорниот труд и лобирање од неколку години, вклучувајќи го и трудот Елиот Енгел.Ви благодарам пријатели од Кингстон“-се вели во објавата на Тачи.
Ваквата објава Смит ја демантираше со коментар дека „Јамајка не го препознава Косово како независна држава“


