Африканската свинска чума тема на состанокот на балкански претставници од агенции за храна – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/20 10:09 AM

Африканската свинска чума тема на состанокот на балкански претставници од агенции за храна

Се преземаат сите неопходни и возможни превентивни мерки  за спречување на можна појава на африканска свинска чума, вели директорот на АХВ, Зоран Атанасов

„Африканската чума “денеска ќе биде тема на состанокот во Скопје што го организираат домашните одгледувачи на свињи. Гости се директорката на Агенцијата за храна на Србија, како и висок претставник од Агенцијата за храна на Бугарија. За актуелната ситуација во земјава ќе зборува Атанасов, а одгледувачите ќе ги изнесат своите предлози за натамошно дејствување.

На дебатата насловена „Африканската свинска чума закана за свињарството”, ќе може да се слушне нешто повеќе и за биосигурносниот концепт во земјите од регионот, а споделени ќе бидат и чешки, како и романски искуства за справување со болеста

Досега е постапено по неколку пријави за пронајдени мртви диви свињи во регионите на Крива Паланка, Свети Николе, Куманово и Водно, но по направените анализи за африканска чума, добиени се негативни резултати.

Алармот против африканската свинска чума се вклучи минатата година откако се зголеми бројот на жаришта во Бигарија, а се појавија првпат и во Србија. Неодамна, пак, појава на африканска чума пријави и Грција