Кај месноста Буковиќ близи Стража заловеан е втората женка Рис – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/20 6:39 PM

Кај месноста Буковиќ близи Стража заловеан е втората женка Рис

Кај месноста Буковиќ близи Стража заловеан е втората женка Рис. Женката е заловена со помош на кафец замка.


Кафезот замка е поставен од Македонското еколошко друштво и е дел од проектот е заштита на балканскиот рис.

-Се работи за здрава женка, на возраст од 2–3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката се презедоа стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката, по што рисицата е пуштена на слобода.„Ова е втора рисица што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот, и за неговите потреби од храна и живеалиште.” истакнаа од Македонско еколошко друштво.

Рисицата доби име  Нарциса и` а кумови и се ловџии од ловното друштво „Сокол-З” од селото Зајас, кои присуствувале на процедурата на заловување.   

Во изминатава една деценија МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со што се стекнуваат значајни податоци за однесувањето и заштитата на овие животни.

Зоран Димовски