Украинец со 221 километар на час дивеел на српски автопат – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/20 4:29 PM

Украинец со 221 километар на час дивеел на српски автопат

Дури 221 километар на час возел украинскиот државјанин Б.Ц (41), на делницата измеѓу Лајковец и Уб, на автопатот „Милош Велики“. Оправданието по апсењето му било дека брзал во Белград бидејќи бремената сопруга му била сместена во болница.

Украинецот постави неславен рекорд во најбрзо возење на автопатот „Милош Велики“, возејќи дури 101 километар на час повеќе од дозволената брзина.

Откако бил застанат од полицијата, тој по скратена постапка бил приведен и изведен пред судот во Ваљево. Добил казна од 220.000 динари и девет месеци забрана да управува со моторно возило на територијата на Србија.

На сослушувањето, признал дека „летал“ по автопатот бидејќи му јавиле дека неговата бремена сопруга е во болница, па тој морал да стигне во Белград.