Општина Центар ја прифати иницијативата на граѓани и архитекти за урбанистичко уредување на локацијата „Треска“ по пат на јавен конкурс на вонредната одржана седница на Советот на Општина Центар .
Советниците на Општината, со 12 гласа „за” дадоа зелено светло да се распише конкурс за урбанистичко решение за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.
„Ние имаме реакции од градежната комора, но веќе почнавме да носиме детални урбанистички планови со кои што ги задоволуваме оние наши барања коишто цело време ги заговараме,а тоа е задоволување на сите оние нормални параметри за живеење во нормални услови при изградба на било каков објект .Класичен пример е носењето на планот за „Пролет “со зголемување на зеленилото,обезбеден е паркинг простор и уцртана е градинка која што никогаш досега не била планирана.Таа градинка исто ставена е во програмата за работата на Општина Центар, односно за развојната програма и сега прв пат „Пролет“ ќе добие своја градинка. -рече Градоначалникот Саша Богдановиќ во изјава за канал 5