Владата и ЕСМ го објавија Јавниот повик за доделување концесија за изградба на Хидроцентрала „Чебрен“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/20 12:28 PM

Владата и ЕСМ го објавија Јавниот повик за доделување концесија за изградба на Хидроцентрала „Чебрен“

Оваа хидроцентрала со својот капацитет и функција ќе биде oд огромно значење за електроенергетскиот систем и со своите услуги ќе биде значаен партнер во секундарната и терцијалната регулација и на регулираниот пазар , рече Премиерот  Оливер Спасовски

Јавниот повик се однесува на пројавување на интерес на заинтересирани компании кои ќе сакаат да го изградат ХЕЦ Чебрен во соработка со АД ЕСМ, преку моделот на јавно приватно партнерство. Од информациите што ги добив денес, веќе седум странски компании побарале да ја подигнат претквалификациската документација која во оваа фаза е бесплатна” -истакна премиерот Спасовски

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачески истакна дека изградбата на „Чебрен “ е предизвик години наназад.Хидроцентралата се планира да биде инвестиција по принципот на јавно-приватно партнерство, во кој ЕСМ ќе биде јавниот партнер во име на државата.Проценките се дека изградбата на „Чебрен“ ќе чини најмалку 570 милиони евра, средства кои ќе ги обезбеди приватниот партнер

Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333 мегавати и годишно производство од 1000 гигавати електрична енергија. Наша обврска е изградбата на пристапниот пат до хидроцентралата и потоа приклучокот, односно трафостаницата. Како наш удел во новата заедничка компанија со приватниот партнер ќе биде внесена ХЕЦ Тиквеш, која е на истиот слив, односно на Црна Река и единствено можно е двете хидроцентрали, Чебрен и Тиквеш да функционираат во една целина “- потенцираше Ковачески

Во иднина „Чебрен“ ќе овозможи да се намали производството од јаглен.Се очекува ефектот да биде 913 илјади тони годишно испуштен во атмосферата, бидејќи 1000 гигават часови енергија нема да биде произведена од јаглен, туку од вода.Јавниот повик важи до 3 април.

Инаку, досега се пропаднати 13 тендери во изминатите 15-тина години  за изградба на ХЕ „Чебрен“, овојпат охрабрува дека станува збор за јавно-приватно партнерство и веќе неколку странски компании се заинтересирани за да инвестираат во овој проект.