Осумстотини илјади денари за 12 проекти од национален интерес ќе добие Музеј галерија Кавадарци од Министерството за култура. Станува збор за проекти од археологија, етнологија, историја и историја на уметност. Ентериерно ќе се уредува спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во Ваташа, а ќе продолжи истражувањето на „Кртозов рид“ информира директорката на Музеј галерија, Весна Ѓорѓиева.
„Кога е археологијата во прашање, тука се проектите за истражување на локалитетот ,,Кртозов рид”, конзервација на седум камени споменици, печатење каталог за нумизматички материјал, едукативен проект за деца со посебни потреби околу културно наследство, одбележување на светскиот археолошки ден и едукативна работилница, ,,сакам да бидам археолог”. Од областа на историјата, ентериерно ќе се уредува и опремува спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур“.Инаме и три проекти од делокругот на историја на уметност. Изложба на фотографии, фотомонографија ,,Белешки од Тиквешијата од Бранко Ивановски (1923-1980), евиденција на пештерните цркви ,,Свети Лазар” и ,,Маркова пештерна црква ,,Свети Никола” во селата Бегниште и Драдња, вели Ѓорѓиева.
Таа информира и дека ќе се изврши конзервацијата на 15 етнолошки предмети од етнолошката збирка на музејот, а ќе се реализира и етнолошката едукативна работилница со ученици од посебната паралелка.