Секоја година на јапонскиот остров Хоншу се собираат илјадници мажи за да го одбележат годинешното издание на тамошниот традиционален фестивал на голотијата.
Вистинско име на фестивалот е „Хадака Мацури“, а овој фестивал се одржува во храмот Саидаџи Канонин, во близина на градот Окајама.
Фестивалот ја слави „церемонијата на доаѓањето на пролетта, просперитетот и плодноста“.
Околу 10,000 машки учесници носат многу малку облека и трчаат околу храмот прочистувајќи се во студена вода.
https://youtu.be/BJXEIn2_RLQ
Потоа, сите брзаат кон главната зграда на храмот и настанува вистинска тепачка кога свештеникот започнува со фрлање стотици гранчиња, меѓу кои и две „среќни стапчиња“.
Учесниците на фестивалот се натпреваруваат едни со други да ги фатат стапчињата, затоа што оној што ќе ги фати, според легендата, го очекува среќа цела година.


