Легло на бактерии: Предмет кој секојдневно го допираме, а е повалкан од ВЦ школка – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/20 4:07 PM

Легло на бактерии: Предмет кој секојдневно го допираме, а е повалкан од ВЦ школка

Го има секоја куќа, а не сме ни свесни колку бактерии се кријат на него…

Нова студија покажала, верувале или не, далечинскиот управувач за ТВ е 20 пати повалкан од ВЦ школката!

За потребите на оваа студија, научниците анализирале голем број предмети за домаќинство, за да утврдат колку бактерии и мувла има на нив. Некои од анализираните предмети се далечински управувачи за ТВ, тепих од спална и дневна соба, ВЦ школка, капак на канатата за ѓубре…

Со анализата е откриено дека далечинското е убедливо највалканиот предмет во куќата, и дека на квадратен сантиметар од овој предмет има дури 290 бактерии, како и мувла.

За споредба, на ВЦ школката, поточно на даската на ВЦ школката, има 12,4 бактериски единици по квадратен сантиметар.

“Резултатите од нашата студија се шокантни, откривме дека на далечинскиот управувач се наоѓаат највеќе бактерии и мувла. Овој предмет луѓето честопати го занемаруваат кога чистат, а тој е всушност една од највалканите работи во куќата. Ужасно е што далечинскиот управувач е толку валкан затоа што секојдневно го земаат во рацете и децата и возрасните. Од сега сите дефинитивно би требало редовно да го чистиме“, порача Дејл Гилеспи, еден од авторите на студијата.

Извор: denar.mk