Чулев: Има индициии за злоупотреба на службена положба на Спасовски за јавна набавка на 3.000 чизми – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/20 1:08 PM

Чулев: Има индициии за злоупотреба на службена положба на Спасовски за јавна набавка на 3.000 чизми

МВР има индиции за злоупотреба на службена положба во постапки поврзани со јавна набавка на три илјади пара полициски чизми од фирмата „Пинко Кирил„ ДООЕЛ, во вредност од 15 милиони денари, за кои две акредитирани лаборатории констатирале дека не ги задоволуваат барањата од техничката спецификација на МВР.

Целата постапка за јавната набавка на чизми за полициските службеници, информира на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, е направена во времето на поранешниот минситер Оливер Спасовки. Огласот од страна на МВР е објавен почетокот на 2016 година, кога пристигнале три понуди, од кои е избрана „Пинко Кирил” и во договорот е утврден рок за испорака на чизмите од 60 дена, а е наведено дека доколку не се испорачаат во договорениот рок, договорот се раскимува и се активира банкарската гаранција.

– Рокот за испорака не е испочитуван, ниту договорот не е раскинат, а не е активирана банкарската гаранција, туку постапката за испорака на чизмите продолжила во понатамошна фаза, рече министерот Чулев.

Тој појасни дека по барање на стручните служби во МВР да се направи контрола на квалитетот на чизмите, две акредитирани лаборатории, од кои една странска, констатираат дека има отстапувања по четири критериуми односно параметри.

Чулев потенцира дека МВР имало обврска да го раскине договорот, да наплати банкарска гаранција и да спроведе нова постапка за јавна набавка з аполициски чизми, но тоа не било направено, а дополнително за компанијата не била ставена ниту негативна референца.

Во меѓувреме, појасни министерот Чулев, тогашниот помошник министер му доставил информација на Спасовски за целата постапка во која биле наведени пропустите, по што екс министерот за вантрешни работи сепак дал насока договорот да не биде раскинат и чизмите да бидат испорачани.

– Една година по истекот на законскиот рок во МВР се врши прием на чизми, а од страна на компанијата добавувач до МВР е доставена фактура. Одделот за финансиски прашања констатира дека не може да биде платена поради непостоење активен договор односно дека договорот е направен во претходната буџетска година. Потоа од страна на МВР е исготвен анекс на договорот, по кој е направена исплатата, потенцира Чулев.

Според него, овие аргументи, како што рече, со наабавката на чизми, уште еднаш ја потврдуваат негрижата за стандардот на полициските службеници од страна на Оливер Спасовски, а сето тоа, подвлече, е направено со грубо крешење на одредбите на Законот за јавни набавки.

– Го прашувам Оливер Спасовски дали под терминот подигнување на стандрадот и наводната грижа за полицајците во суштина се крие непочитување на зкаонските процедури и спроведување на постапки кои се спротивни со законот, рече Чулев.

Најави дека за овие постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е доставен соодветен поднесок до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, за што по добивање на дополнителни насоки од ОЈО ќе бидат преземени соодветни мерки.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција го повика ОЈО веднаш да постапи по поднесокот доставен од страна на МВР.

МИА