Делегација на Вооружените сили на Италија во посета на земјава – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/20 7:51 AM

Делегација на Вооружените сили на Италија во посета на земјава

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Италија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал Енцо Вичијарели, престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Генерал Вичијарели денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на нашата армија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

По активностите во Генералштабот, генералот Вичијарели ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.

МИА