Двата најпознати бренда на руската воздухопловна индустрија – „МиГ“ и „Сухој“, се спојуваат – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/20 12:33 PM

 Двата најпознати бренда на руската воздухопловна индустрија – „МиГ“ и „Сухој“, се спојуваат

Поради развој на производството на сите руски борбени авиони, ќе дојде до обединување на компаниите „ МиГ“ и „Сухој“ во Дивизија на воената авијација во рамките на „Обединета воздухопловна корпорација“.

На чело на новата компанија треба да биде поранешниот генерален директор на „МиГ“, Иља Тарасенко, кој истовремено ќе го задржи местото заменик-генерален директор задолжен за воено-техничка соработка. Новата организациска структура ќе се занимава со развој, производство, продажба и одржување на сите актуелни и перспективни авиони на борбената авијација.

Консолидацијата на научно-производствените капацитети на воената воздухопловна индустрија се очекува да овозможи поефикасна примена на постојната програма, како и развој на идните проекти. „Сухој“ на крајот на 2017 година беше најпрофитабилната компанија во составот на ОАК. Во 2018 биле исполнети договорни обврски во висина од околу 1,8 милијарди долари, додека нето добивката изнесувала околу 63 милиони долари. Истата година компанијата „МиГ“ имал приход од 1,4 милијарди долари, а нето-добивка од околу 55 милиони долари.