Драма на жичница во Словенија: Турска скијачка спаси 12-годишник, во воздух за раце го држела 15 минути – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/20 11:08 AM

Драма на жичница во Словенија: Турска скијачка спаси 12-годишник, во воздух за раце го држела 15 минути

Млада турска скијачка му го спасила животот на 12-годишно момче во словенечкиот ски-центар „Крвавец“.

Како што соопштува Скијачкиот сојуз на Турција, се наведува дека скијачката Сила Кара (19) го спасила момчето во тек на свој тренинг. Детето што седело покрај неа на жицницата, изгубило рамнотежа. Таа го фатила во последен миг и спречила да падне од голема височина. Го држела цели 15 минути детото за раце додека висело во воздух.

„Ги фрлив скијачките стапови и со устата си ги соблеков ракавиците. Детето плаеше и ми велеше да го држам цврсто за двете раце. По 15 минути дојдоа скијачки патроли и персонал на Ски-центарот, па го пуштив момчето да падне врз веќе поставената сигурносна мрежа. Шефот на словенечката полиција и полицајци ми врачија признание на аеродромот пред враќање. Морална должност е да се спаси човечки живот и затоа сум многу среќна“, изјавила Сила Кара.