„Денис“ предизвика хаос во Британија, а се пресели и во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/20 8:39 AM

„Денис“ предизвика хаос во Британија, а се пресели и во Франција

Бурата „Денис“ предизвика поплави, сообраќаен хаос и прекин на електричната енергија на повеќе места во Велика Британија.

Стотици летови беа откажани, на југот на Велс беше прогласен највисок степен на аларм поради силните дождови. До вчера попладне беше забележан рекорден број на предупредувања од поплави – повеќе од 600. Најмалку двајца загинаа во големата бура.

Британската метеоролошка служба предупреди дека бурата својот врв ќе го има денеска или утре. Црвениот крст ги опомена граѓаните да бидат подготвени „на најлошото“. „Денис“ во меѓувреме ја зафати и Франција.