Утрово најтудено во Маврово (-6), само во Дојран над нулата – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/20 8:10 AM

Утрово најтудено во Маврово (-6), само во Дојран над нулата

По минусните утрински температути, времето во текот не денов ќе биде сончево и релативно топло со слаб јужен ветер.

Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Најстудено изутринава беше во Маврово -6, во Скопје се измерени -4, во Крива Паланка, Тетово, Битола – 3, минус два во Прилеп, Струмица, Гевгелија, Д.Капија, Куманово, Претор, Лазарополе, -1 Охрид, Штип, Дебар, Крушево, 0 Виница, а два степена во Дојран.