Борисов: Немам врска со прислушувањето на претседателот Радев, а мене ме прислушуваа во тоалет – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/20 8:46 AM

Борисов: Немам врска со прислушувањето на претседателот Радев, а мене ме прислушуваа во тоалет

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека нема никква врска со прислушувањето на бугарскиот претседател Румен Радев, но знаел како Радев се чувствува, бидејќи и самиот Борисов, како што рече бил прислушуван и тоа во тоалет.

Борисов ги прокоментира обвинувањата од пратеникот н Социјалистичката партија, Антон Кутев, дека со одобрение од Борисов бил прислушуван ретседателот Радев.

„Ако некој се навлекол, не е моја вина. Кога партијата на радев ме прислушувае во тоалет и кога ме снимаа, никого не обвинив. Само ги стегнав забите… Го прислушувал Борисов, како да не. Како вие тоа го замислувате – Државната агенција за национална безбедност дојде и ви веи – ние ќе го прислушуваме претседателоѕ, а јас тоа и о дозволам. Апсурд“, изјави Борисов.