Рашела Мизрахи во своето обраќање на седницата на Собранието ноќва пред пратениците рече дека уште невлезена во министерството за труд и социјала била мета на антисемитски напади, а тие што ги оркестрирале нападите тоа го осудиле со бледо соопштение.
Хајката против неа, како што рече, кулминирала со рече евтина партиска претстава наречена табла во Министерството за труд и социјална политика. Говореше дека во министерството затекнала нарушени меѓучовечки односи и исплашени вработени, а говорот го заврши со реченицата: „Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија“.