Американската Брнс и британската амбасадорка Галовеј, државниот врв и бизнисмени ВВ „Тиквеш“ и годинава, на винскиот локалитет „Лепово“, ја продолжи традицијата на симболичното закројување на лозјата во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. Свечениот чин на закројување го извршија претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ и претставници на менаџментот на винарницата.
Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и директорот на Светска Банка за Северна Македонија Марко Мантонавели денеска ги посетија винариите Попова Кула во Демир Капија и Лазар кои се дел од шеесетина проекти за развој на туризмот.
Вкупната инвестиција е 18 милиони евра средства кои се обезбедени од Европската делегација и Светска банка. Преку овие проекти директно се вложува во 10 дестинации низ државата.