Европската комисија предупреди осум земји на ЕУ во врска со борбата против перењето пари – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/20 4:25 PM

Европската комисија предупреди осум земји на ЕУ во врска со борбата против перењето пари

Европската комисија испрати правни предупредувања до осум држави на ЕУ поради каснење во примената на новите правила против перењето пари, донесени на ниво на Европската унија пред две години.

Земјите членки на ЕУ требале до јануари да донесат засилени правила за да се спротивстават на ризикот од валкани пари во широкиот спектар на сектори, вклучувајќи размена на криптовалути, однапред платени картички и т.н. „школка“ компании.

Правилата во 2016 година ги предложи Комисијата на ЕУ по терористичките напади во Париз во кои загинаа повеќе од 130 луѓе. Намерата беше да се спречи финансирање на тероризмот и друг финансиски криминал.

Владите и законодавците на ЕУ се договорија за новите правила пред три години, а потоа формално ги усвоија во 2018 година, но Кипар, Унгарија, Холандија, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Шпанија сè уште не ги претвориле во национални закони, соопшти Комисијата на ЕУ.

Извор: denar.mk