Слатки и тестенини за време на диета? Да, ако ги јадете во одреден период од денот – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/20 4:18 PM

Слатки и тестенини за време на диета? Да, ако ги јадете во одреден период од денот

Секоја диета подразбира откажување од одреден вид на храна, особено од калорични јаглени хидрати и маснотии кои најмногу дебелеат.

Добрата вест е дека постои ситуација во која може да ја измамите диетата, а да не се каете, односно да не го расипете процесот на слабеење.

Јаглехидратите и маснотиите, како тесто, бели тестенини, сладолед и путер, не морате целосно да ги откажувате ако сте на диета. Имено, постои одредено време во текот на денот кога смеете да се почастите со омилената храна, а тоа да не влијае на слабеењето. Само внимавајте да не “згрешите” секој ден.

Поточно, најдобро време за јадење на оваа храна е во текот на доручекот, додека маснотиите нема да наштетат на вашата линија ако ги конзумирате во 10 часот наутро. На тој начин, телото има доволно време во текот на денот да ги потроши сите внесени калории.

Ако сакате да ослабете, добро е да јадете оброци во одреден период од денот.

Доручекот би требало секогаш да го јадете не подоцна од еден час по будењето, ручек приближно четири и пол часа потоа, а неколку часа после тоа вечера.

Ако правите предолги паузи помеѓу оброците, ќе бидете гладни, а колку сте погладни, толку е поголема веројатноста да ја измамите диетата и да јадете нешто нездраво и калорично.

Внимавајте и на вечерата секогаш да јадете најмалку три часа пред спиење, за да не одите во кревет со стомак полн со несварена храна.

Извор: denar.mk