Околу 5000 полициски службеници и вработени во Министерството за внатрешни работи ќе добијат бонус-плата во висина од една просечна плата во Македонија. Ова денеска го објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
– Првпат им овозможуваме на полициските службеници да го остварат своето законско право да им се исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата ако работеле повеќе од 150 часа од редовното работно време и ако не отсуствувале повеќе од 21 ден во една година. Го вративме достоинството на полициските службеници, ги направивме поблиски до граѓаните. Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните, напишал Спасовски на Фејсбук.