Премиерот Оливер Спасовски побара да биде разрешена министерката Мизрахи – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/20 4:20 PM

Премиерот Оливер Спасовски побара да биде разрешена министерката Мизрахи

Премиерот на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, побара да биде разрешена Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Барањето за разрешување следува откако Министерката Мизрахи, неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.

-Jaс разговарав и вчера и мислам дека одговорноста треба да ја имаме пред граѓаните, пред државата и пред иднината на оваа држава. Ако некој смета дека ситнопартиски тесни политички интереси, не знам какви други, се поважни од иднината на оваа држава, се лаже многу, истакна премиерот Спасовски на денешната прес-конференција.

Министерката за труд и социјална политика на вчерашната прес-коференција изјави дека нема намера да постави банер кој никогаш не постоел.