Глобалното производство на паметни телефони ќе падне 12 проценти во првите три месеци од 2020 година поради коронавирусот, проценува TrendForce.
Според проценките на таа компанија за истражување на пазарот – производството ќе падне на најниско ниво во последните пет години.
Во соопштението на таа компанија со седиште во Тајпеј, се наведува дека TrendForce ја намалил прогнозата за светското производство на смартфони и предвидува дека најголемо влијание на забавување на тој пазар ќе има Huawei, Apple и други производители, објави Reuters.
Извор: denar.mk