Штипската полиција исклучила од сообраќај единаесет возачи, возеле пијани – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/20 2:01 PM

Штипската полиција исклучила од сообраќај единаесет возачи, возеле пијани

За шест часа контрола штипската полиција утврдила присуство на алхохол кај единаесет возачи. Сите се исклучени од сообраќај, а санкционирани се уште осум други прекршоци.

На 08/09.02.2020 во времето од 23.00 до 05.00 часот Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај единаесет возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите единаесет возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им се записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и осум останати прекршоци.