Седумдесет и шестгодишна жена е тешко повредена по директен судир на два автомобили на крстосницата во Пехчево. Жената, како што стои во полицискиот извештај, е задржана на понатамошно лекување во Штипската клиничка болница.
-Во несреќата повредено е лицето Е.П кое било сопатник во едно од возилата и е пренесена во клиничка болница Штип. Во несреќата учествувале патнички возила Сеат леон и Фолксваген голф, стои во полицискиот извештај.
Возилата кои учествувале во незгодата биле со беровски регистерски ознаки, во сопственост на жители на Пехчево.
МИА