Некогашниот гигант Тетекс денеска стави клуч на фабриката. Се затвори и последниот погон конфекција, каде работаа 150 луѓе.
По четири децениии работа, над 150 вработени добија отказно решение од раководството на фабриката Тетекс.Од Синдикатот на Тетекс, истакнаа дека сите вработени ќе бидат обештени.
Од раководството на Тетекс, велат дека биле приморани да ја затворат фабриката која не можела да се бори со силната конкуренција која доаѓа од азиските земји
-На просторот од поранешна Југославија, па речиси и во сите европски земји, веќе нема ниту една текстилна фабрика која работи а која имала промарно производство од волна и текстил, како што беше во „Тетекс“ значи производство од предиво, ткаенини и па се до готови конфекциски производи. Нас текстилците едноставно не поклопи далечниот исток со многу ниски цени на текстилот и ние тоа не можевме да го издржиме па затварањето на „Тетекс“ беше неминовно“ изјави генералниот директор на АД „Тетекс“ Глигорие Гоговски.
Комбинатот беше еден од најголемите гиганти на поранешните југословенски простори каде работаа над 8 800 лица