Бројот на убиени од новиот коронавирус се зголеми за 97 за еден ден – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/20 9:44 AM

Бројот на убиени од новиот коронавирус се зголеми за 97 за еден ден

Бројот на смртни случаи во Кина од коронавирусот се зголеми на 908.Вчера имало нови 97 жртви што претставува најголем број смртни случаи  за еден ден.Најмногу жртви имало во провинцијата Хубеи односно 91 ,објавија денеска кинеските власти.

. Досега во Кина има 40.117 потврдени случаи на коронавирус, додека 187.518 се под медицински надзор.Во меѓувреме уште 60 луѓе кои се позитивни на тестирањето на вирусот на бродот кој крстари во Јапонија,што значи дека 130 од 3700 патници се заразени од вирусот,пренесува BBC .Бродот веќе две недели е во карантин, надвор од Јокохама.Инфицираните патници се симнати од бродот и се лекуваат во блиските болници.