Осумттемина од Независната пратеничка група ќе го поддржат законот за јавно обвинителство под неколку услови за кои се договориле со владејачката коалиција. Еден од условите е овој:
„Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи. Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон“ стои во соопштението од ѐнезависните.
Случајот Талир се однесува за незаконското финасирање на ВМРО ДПМНЕ, по што беше заврзнат имотот на партијата.
Објавено на: 02/9/20 11:42 PM