Владата вечерва ќе одржи седница на која треба да биде разгледан и усвоен законот за јавното обвинителство.
Откако ќе помине на владина седница, законот ќе биде испратен во собраниска процедура.
Премиерот Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, претходно во повеќе наварти најавија дека законот ќе оди на Влада и потоа на усвојување во Собранието штом биде услогласен и се обезбеди потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување.
Власта очекува законот да биде усвоен во Собранието до 12 февруари за кога е најавено распуштање на актуелниот пратенички сотав и распишување на предвремените парламентрани избори на 12 април.