Повторно е опожарено возило во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/20 5:32 PM

Повторно е опожарено возило во Скопје

Како што соопшти МВР, вчера во 02,36 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Емин Дураку“ опожарено било патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Е.(38) од Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Изминатата недела гореше возило во скопско Тафталиџе. Полицијата не излегува со потврда на шпекулациите дека последните случаи на опожарени возила се дело на криминални активности.