Патниот правец Делчево-Голак прооден – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/20 3:28 PM

Патниот правец Делчево-Голак прооден

Патниот правец Делчево – Голак од денеска е целосно прооден. Екипи на „Македонија пат”, како што информираат од претпријатието, во текот на денот во два наврати спроведоа активност за чистење на снегот, кој во делови на Голак изнесуваше над 30 сантиметри.

-Машина за чистење на снег двапати го расчисти патот Делчево – Голак, при што беше употребена и потребната количина сол за топење на снегот, така што на голема радост на граѓаните патот до Голак во потполност е чист и прооден, информираа од „Македонија пат”.

Идеалните временски температури и обилниот снег, меѓу првите ги искористија делчевските планинари кои реализираа рекреативни активности.

-Денот е одличен за зимска забава, има доста посетители кои во поголем број се очекуваат утре, бидејки дел од нив денес се на работа, информираа планинарите.

Во останатиот дел од Пијанец, снегот веќе е растопен, со што проблеми на патните правци кои водат до општините на крајниот исток, не се забележани.

 

МИА